недела, 9 март 2025

Маск: Ако го исклучам Старлинк, целата украинска линија на фронтот ќе пропадне

Илон Маск повторно ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе пропадне без неговиот систем Старлинк, и се залагаше за итен прекин на конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе се урне ако ја исклучам“, напиша тој на Икс.

Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна што Украина на крај нема да може да ја добие.

„Она што ме згрозува се годините со масакри во пат-позиција, битка што Украина неизбежно ќе ја изгуби“, рече тој.

Заклучи со пораката дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. МИР СЕГА!!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ