Хорхе Мартин синоќа триумфираше на спринт трката на Германија, но денеска имаше болен пех. Шпанецот беше на добар пат да го крунисиа одличниот викенд со победа и во неделната трка, но му се случи најлошото сценарио.
На два круга пред крајот, додека беше во водствот, загуби контрла над моторот во свиокот број 1 и му подари победа на Пеко Бањаја.
Ваквиот расплет донесе и промена во генералниот поредок во Мото ГП, сега Пеко Бањаја е нов лидер со +10 во однос на Хорхе Мартин.
Трката во „Захсенринг“ донесе радост и за семејството Маркез, Марк Маркез финишираше како втор, а неговиот брат Алекс Маркез се искачи на последното место на пиедесталот.