четврток, 6 февруари 2025

Марко Рубио нема да присуствува на состанокот на Г20 во Јужна Африка од 20 до 21 февруари

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема да присуствува на претстојниот состанок на Групата 20 (Г20) во Јужна Африка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да присуствувам на самитот на Г20 во Јоханесбург. Јужна Африка прави многу лоши работи“, напиша шефот на американската дипломатија на социјалната мрежа Икс, наведувајќи го пред се проблемот со експропријација на приватната сопственост. Состанокот на Г20 на ниво на министри за надворешни работи е закажан за 20 и 21 февруари.

„Моја работа е да ги унапредувам американските национални интереси, а не да трошам долари на даночните обврзници или да поттикнувам антиамериканизам“, напиша тој, изразувајќи жалење поради фактот дека таа група на земји ги брани климатските промени и програмите за различност и инклузија.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена се закани дека ќе ја прекине финансиската помош за Јужна Африка бидејќи, како што тврди, одредени класи на луѓе во таа земја се третирани „многу лошо“.

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека Јужна Африка конфискува земја и се однесува „многу лошо“ со одредени класи на луѓе и дека затоа ќе ја прекине сета помош за земјата додека не заврши истрагата за овие случаи.

САД ветија дека ќе обезбедат речиси 440 милиони долари помош за Јужна Африка во 2023 година.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса минатиот месец изјави дека не е загрижен за односите на неговата земја со САД по победата на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ