Никола Јокиќ дојде до 25. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, но ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј кој оствари рекорд на кариерата со 55 постигнати поени.
Ефектот на канадскиот кошаркар е трет во историјата на Нагетс по 73. поени на Дејвид Томпсон во 1978 година и 56 на Јокиќ пред два месеца. Мареј и Јокиќ го сочинуваат четвртиот тандем во историјата на НБА кој постигнал 55+ поени во иста сезона.
Јокиќ сега го има третиот највисок биланс на трипл дабл пред Ол стар викендот во историјата на НБА, по Оскар Робертсон во сезоната 1961/62 (28) и Расел Вестбрук во 2016/17 (27). Во екипата на Портланд, најефикасен беше Енферни Симонс со 26 поени, а Донован Клинган додаде 17 поени и 20 скока.
Резултати:
Бостон – Сан Антонио 116-103
Орландо – Шарлот 102-86
Вашингтон – Индијана 130-134
Бруклин – Филаделфија 100-96
Њујорк – Атланта 149-148
Торонто – Кливленд 108-131
Чикаго – Детроит 110-128
Минесота – Милвоки 101-103
Њу Орлеанс – Сакраменто 111-119
Оклахома – Мајами 115-101
Хјустон – Феникс 119-111
Денвер – Портланс 132-121
Јута – ЛА Лејкерс 131-119
Далас – Голден Стејт 111-107
ЛА Клиперс – Мемфис 128-114