Како што претходно објавивме, новороденче починало во саботата откако ден претходно било родено во Клиничката болница во Битола. Поради компликации бебето во саботата било транспортирано од Битолската болница до Детската клиника во Скопје.
Семејството Китоски обвинува дека не биле известени на време за влошената здравствена состојба на бебето и дека не биле преземени навремено мерки за да се спаси нивниот син.
Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходни еден царски рез и еден спонтан абортус.