Дербито на 20. коло во англиската Премиерлига мина во знакот на „граѓаните“, кои и покрај неубедливата игра успеаја да го победат Ливерпул и со тоа одново, барем привремено, да се одлепат од Манчестер јунајтед. Засилувањето број еден сезонава за Сити, Серхио Агуеро, Јаја Туре и Един Џеко од пенал беа стрелци во победата во дербито на колото.
Сити со меч повеќе сега има три бода предност пред Јунајтед, а шест пред Тотенхем, кој остана близу лидерот откако триумфираше со 1-0 против Вест Бромвич Албион.
Колото завршува вечерва со дуелите Евертон – Болтон и Њукасл – Манчестер јунајтед.
[video:http://www.youtube.com/watch?v=iXaZFfFKN1E]