понеделник, 28 октомври 2024
Премиерлига

Манчестер Сити ја заврши 2023 без пораз на домашен терен, се изедначи со Арсенал и дојде на два бода до Ливерпул

Манчестер Сити рутински со 2-0 го совлада Шефилд јунајтед, избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија годината без пораз на домашен терен во Премиерлигата, се изедначија со Арсенал на табелата и дојдоа на -2 во однос на лидерот Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните“ врзаа три нерешени средби пред своите навивачи во Премиерлигата, но попладнево им се вратија на победите.

Избраниците на Пеп Гвардиола рутински одработија против Шефилд јунајтед и стигнаа до трите бода со триумф од 2-0.

Резултатот го отвори Ридри, Шпанецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 1-0 ви 14. минута. Дилемите околу победникот беа решени по еден час игра, Хулијан Алварез погоди за 2-0.

Со овој резултат, Манчестер Сити ја заврши 2023 без пораз на домашен терен во Премиерлигата, се изедначи со Арсенал на табелата и дојде на -2 во однос на лидерот Ливерпул.

Астон Вила се помачи против Барнли и со гол во финишот стигна до победа од 3-2. Домашни победи забележаа и Кристал Палас и Вулверхемптон, „орлите“ славеа со 3-1 против Брентфорд, „волците“ со 3-0 го совладаа Евертон.

На првиот денешен натпревар, Челси со 2-3 славеше над Лутон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ