Клаудио Ечевери се најавува како „новиот Меси“, па голем број на клубови од Европа се обидоа да стигнат до неговиот потпис, битката на крајот ја доби Манчестер Сити, весникот Оле вели дека трансферот е практично договорен.
„Граѓаните“ на Ривер ќе му платат 18 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.
Но младото момче ќе почека неколку години за да заигра на „Етихад“. Во прв момент ќе остане на позајмица во Ривер до декември 2024 година, сепак под услов да добива соодветна минутажа.
Доколку Клаудио Ечевери не игра доволно, Манчестер Сити има опција во јуни да го донесе во Европа, со цел да се здобие со поголемо искуство во силно натпреварување.
Кога ќе пристигне на стариот континент (без разлика дали тоа ќе биде јуни или декември), Аргентинецот нема да работи под палката на Пеп Гвардиола и ќе биде пратен на калење во Жирона, каде ќе помине една или две сезони.