сабота, 26 октомври 2024
Во следните два преодни рока

Манчестер јунајтед ќе прави голема чистка, можат да си заминат дури 15 фудбалери

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува во скоро време да биде потврдено дека Сер Џим Ратклиф ќе купи 25% од Манчестер јунајтед и најбогатиот британец да го превземе раководењето со фудбалските операции на Олд Трафорд.

Се очекува да бидат поставени нови директори, а ќе има и промени во составот, Дејли Стар пишува за голема чистка и во следните два преодни рока можат да си заминат дури 15 фудбалери.

Џејдон Санчо треба да биде едно од првите имиња кои ќе го напуштат Олд Трафорд поради „војната“ со тренерот Ерик тен Хаг, а поради слабите партии, на излезна врата се и Рафаел Варан и Антони.

Мејсон Гринвуд, кој е на позајмица во Хетафе, нема иднина во Манчестер јунајтед, исто како и Дони ван де Бек, Антони Марсијал и Том Хитон.

Џони Еванс нема да добие нов договор, а во моментов нема планови за перманентни трансфери на Софијан Амрабат и Серхио Регилон.

Ќе бидат продадени и неколку млади играчи за да се приберат пари за нови засилувања, па на трансфер листа ќе се најдат имиња како Брендон Вилијамс, Алваро Фернандез, Шола Шортир, Вил Фиш и Џо Хагил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ