Избраниците не Тен Хаг играат под очекувањата на стартот од новата сезона, но фатија приклучок со врвот на табелата откако нанижаа три победи во Премиерлигата.
Вечерва, Манчестер јунајтед славеше со 0-3 на гостувањето кај Евертон и со три бода си замина од незгодното гостување на „Гудисон“.
Резултатот беше отворен по само три минути игра, Гарначо атрактивно погоди со ножички за 0-1.
По десетина минути игра во вториот дел, со помош на ВАР беше досуден пенал за „ѓаволите“, Рашфорд не погреши од белата точка и зголеми на 0-3.
Во 75. минута беше ставена точка на натпреварот, Марсијал реализираше за 0-3 и ги реши сите дилеми околу победникот.
Со новото славје, Манчестер јунајтед сега е на позицијата број 6 на табелата, и со гол разлика 0 е на -6 во однос на лидерот Арсенал.