вторник, 22 октомври 2024
Во Струга

Малолетничка тешко повредена по сообраќајка со мотоциклист

Во полициската станица Струга вчера во 18:30 часот било пријавено дека на локалниот пат во село Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од Октиси и малолетничка од Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Охрид.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ