среда, 26 февруари 2025

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да води трговска војна со Кина, а не со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева дека го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не води трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не можете да имате трговска војна со Кина и Европа во исто време, се надевам дека го убедив во тоа“, изјави Макрон за Фокс њуз по средбата со Трамп во Вашингтон.

Макрон истакна дека за Вашингтон „приоритет е да се воведат царини за Кина“ и оцени дека истовремено водење трговска војна со Европа би било против интересите на САД.

Макрон и Трамп се обидоа да го убедат светот за нивната посебна врска во понеделникот, разменуваа комплименти, прегратки и шеги, но очигледно беше дека не се согласуваат како да се стави крај на руско-украинската војна и како да се спречи трансатлантска трговска војна, пренесува Политико.

Макрон рече дека се обидел да го убеди Трамп да не воведува царини, нагласувајќи дека Европа не направила ништо за да ја заслужи американската одмазда.

„Му реков на Трамп дека ДДВ не е царина и дека Европската унија никогаш не воведувала царини за увоз од Америка“, рече Макрон.

Тој нагласи дека европските земји нема да можат да ги зголемат трошоците за одбрана, како што бара Трамп, доколку се соочат со трансатлантска трговска војна.

„Како мислите дека треба да ги зголемиме трошоците за одбрана и безбедност ако сме во трговска војна“, изјави Макрон.

Францускиот претседател во среда ќе ги информира лидерите на земјите-членки на ЕУ за средбата со Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ