вторник, 22 октомври 2024

Макрон сака да го премести производството на клучни лекови во Франција

Објавено на

часот

Сподели

Владата подготви список од 450 молекули за кои е од клучно значење да се обезбедат синџири на снабдување, рече Макрон за време на обиколката на фармацевтските лаборатории како дел од посетата на департманот Ардеш во регионот Оверњ-Рона-Алпи во јужна Франција.

„Списокот опфаќа основна листа од 50 лекови“, рече Макрон, додавајќи дека производството на половина од тие лекови ќе биде вратено во Франција или значително ќе се зголеми во наредните недели.

„Долгорочното решение, за да избегнеме недостиг во нашите аптеки, е да ги вратиме нашите фабрики. Се обидуваме да го направиме тоа за многу лекови“, напиша Макрон на Твитер пред посетата.

Тој во твит ја спомена и инвестицијата од 22 милиони евра на британската фармацевтска компанија ГСК во модернизација на фабриката за антибиотикот амоксицилин во департманот Мајен во северозападна Франција и во отворањето нови работни места. Недостигот на амоксицилин, кој се користи за лекување на воспаленија кај деца, е чест во Франција, забележува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ