понеделник, 21 октомври 2024

Макрон: Косово не го одржа својот збор

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска во Тирана дека неговата земја направила „гест на доверба во однос на прашањето за визите за Косово“. „Сакам да појаснам една работа. Направивме гест на доверба што се однесува до визите. Што се однесува до Франција, визите се укинати затоа што го почитуваме нашиот збор. Денес зборот не се одржува“, рече тој.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам вистинска посветеност од косовската и од српската влада да се придвижат напред во следните недели. Ова е услов за мир во целиот регион“, продолжи тој. Некои медиуми во Косово и во Албанија објавија дека Макрон во Тирана изјавил дека Франција ја суспендирала одлуката за визна либерализација, пренесува Косово онлајн.

Сепак, француската новинска агенција АФП пишува дека Макрон со својата изјава само „му се закани на Косово дека ќе ја откаже одлуката за визите“. Одлуката за визна либерализација за Косово треба да стапи во сила од 1 јануари следната година. Инаку, Макрон во Тирана зборуваше и за политичката состојба меѓу Косово и Србија.

На прес-конференцијата тој истакна дека го следи порастот на тензиите меѓу Косово и Србија и побара двете страни да преземат чекори за смирување на ситуацијата. „Српскиот претседател Александар Вучиќ има одговорност недвосмислено да ги осуди нападите од 24 септември бидејќи тоа придонесува за враќање на мирот на границата“, убеден е тој.

„Тоа што го очекуваме од властите, од двете страни, во следните фази е едноставно: реорганизација на изборите во општините со српско мнозинство, учество на Србите на избори и во институциите, создавање заедница на општини со српско мнозинство, што ќе го спроведуваат косовските власти. Очекувам Вучиќ да покаже одговорност, а истото го очекувам и од претседателот и премиерот на Косово“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ