Емануел Макрон сака неговите министри да ја покажат силата на државата „за сите оние кои негуваат омраза и терористичка идеологија“, изјави висок помошник пред новинарите.
Тој ја повика полицијата да ги прочешла сите досиеја на радикалните екстремисти за никој да не биде занемарен и му порача на министерот за внатрешни работи да заземе „посебен пристап кон младите мажи на возраст од 16 до 25 години од Кавказ“, рече помошникот.
Напаѓачот, поранешен ученик од тоа училиште со чеченско потекло, познат на полицијата по својот радикализам, со нож ги нападнал вработените во училишната зграда и на паркингот додека извикувал „Алаху акбар“.
Напаѓачот и неговиот брат се уапсени. Претседателот на Франција Емануел Макрон нападот го оцени како чин на варварски исламистички тероризам и додаде дека во текот на денот бил спречен сличен напад во друго училиште во Франција.
„Убиениот учител прв интервенирал и со тоа спасил неколку животи, исто како и неговиот тешко ранет колега и училишниот чувар. Сите ја покажаа истата храброст. Им оддавам почит на сите наставници и им порачувам дека сме со нив“, рече Макрон.