понеделник, 21 октомври 2024

Македонското МВР уапси поранешен припадник на УЧК по потерница од Србија

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Објавено на

часот

Сподели

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

„Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Фљориан Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ