петок, 7 февруари 2025

Македонските кошаркарки убедливо поразени од Србија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе висок ораз од Србија со 105-60 во меч од квалификациите за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на Србија беше апсолутен фаворит во овој дуел и прашање беше само со колку разлика ќе загубиме. Македонија го доживеа и петтиот последовален пораз во овие квалификации.

Можеби очекувањата беа дека ќе пружиме малку поголем отпор на Србинките, но тие уште на стартот ја почнаа својата доминација и на крајот дојдоа до убедливата победа од 45 поени разлика.

Најефикасна на средбата беше Андерсон од Србија со 21 поен, додека најдобар стрелец во редовите на Македонија беше Митрашиновиќ со 17 поени.

Последниот меч од квалификациите го играме за три дена на гостување кај Украина која домашните натпревари ги игра во Рига, Летонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ