среда, 23 октомври 2024

Македонските граѓани ги живеат европските вредности, вели Петровска

Објавено на

часот

Сподели

Интеграцијата е клучна за гарантирањето на безбедноста и просперитетот на регионот и на Северна Македонија, објави Петровска.

„САД е најблискиот глобален партнер на Европската Унија. Со Северна Македонија како членка, ЕУ ќе биде посилна и пообединета. Македонските граѓани ги живеат европските вредности и затоа ние припаѓаме на големото семејство на европски народи. Интеграцијата е и најдобар одговор на сè побројните обиди за штетни влијанија на трети страни во регионот. Да донесеме храбри и државнички одлуки кои ќе го отворат патот кон една попросперитетна иднина за нашите граѓани, напиша на фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ