сабота, 19 октомври 2024

Македонските филателисти наградени на XIX Балканијада

Од 12 до 14 октомври во Белград се одржа филателистичката изложба Балкафила XIX, на која со свој изложбен материјал настапија и седум членови на Сојузот на филателисти на Македонија, предводени од претседателот Синиша Павлески и доајенот на Сојузот, Климе Поповски. 

Објавено на

часот

Сподели

Збирките на Дончо Георгиев, Спасе Илиевски, Виктор Габер, Синиша Павлески, Климе Поповски, Љиљана Антоновска и Станко Зафиров предизвикаа голем интерес кај публиката.  

Најголем број поени освоија членовите на СФМ – Георгиев доби 85 поени од можните 100, Илиевски (85) и  Павлески (80). Медали добија Зафиров како национален комесар, Георгиев за неговите 8 витрини за убавините на Македонија и Поповски/Габер за нивната книга „Скопје на поштенски марки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ