Од Царинската управа информираат дека во друг засебен случај цариниците заплениле 56 женски чанти пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.
Во друг случај пак, во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим пронашол 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи, а брачен пар се обидел да прошверцува 72 пара патики.
„Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце откри 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот. Брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата се спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи“.
Освен ова, мобилен тим на Царинската управа на излез од државата на граничниот премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба открил 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.
Царината открила и запленила и маслиново масло.
„На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло“, соопштија од Царинската управа.