сабота, 27 јули 2024

Македонска премиера на фолксваген ИД.7 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фолксваген го претстави новиот ИД.7 на македонскиот пазар. „ ИД.7 e првиот глобален електричен модел на марката во средната класа на возила, со димензии и особини карактеристични за горниот дел од класата и за автомобилскиот пазар воопшто. Комбинираниот опсег од над 600 километри според ВЛТП циклусот, супериорниот погон, пространата внатрешност и врвните технологии го прават ИД.7 удобна лимузина за патување на долги растојанија и отвораат нов сегмент за ИД. семејството. Долг речиси пет метри, моделот има висококвалитетен изглед и подобрен концепт на ракување фокусиран на клиентите“ – истакна продукт менаџерот на Фолксваген патнички возила, Камелија Кец.

Објавено на

часот

Сподели

ИД.7 е првиот MEB модел придвижуван од електричен мотор од целосно новата генерација. Со максималните 210 киловати (286 коњски сили), тој е најмоќниот електричен мотор до сега вграден во фолксваген ИД.. Оваа погонска единица со интерна ознака APP550 е развиена заедно со Фолксваген груп компонентс во Касел, Германија и кај ИД.7 се вградува во независно од избраната големина на батеријата.

Фолксваген ИД.7 е првиот модел на германската компанија со нов концепт за ракување, нов дисплеј и ексклузивни опции на опрема. Следните карактеристики се вклучени како стандард: 15-инчен екран на инфозабавниот систем, хедап дисплеј со изменета реалност, нов концепт на ракување со контроли за климатизација интегрирани и лесно достапни преку екранот на инфозабавниот систем, како и копчиња за омилени кратенки, лизгачки контроли чувствителни на допир со заднинско осветлување.

Со новите седишта со повеќе програми за масажа и електронски затемнувачкиот панорамски покрив, ИД.7 нуди опции за опрема кои инаку се присутни само во повисоките класи на премиум конкуренти.

Системот за помош при патување по потреба може да ја преземе страничната и надолжната контрола на ИД.7 со примена на податоци кои се споделуваат помеѓу останатите корисници. фолксваген ја разви оваа функција заедно со Кареид, софтверската компанија на групацијата Фолксваген. Доколку сакате, ИД.7 може да користи и Травел асист за да поддржува менување лента на автопат со повеќе ленти при брзини над 90 км/ч. Возачот е активно вклучен во процесот на возењето, но напорот е значително намален. Кога станува збор за паркирање, електричниот модел на фолксваген  може самостојно да врши помошни маневри на различни начини.

ИД.7 има речиси целосно затворено подвозје. Ова е дополнето со ново развиените спојлери на тркалата кај предните тркала. Тие го водат воздухот по тркалата под возилото со минимална турбуленција. Воздушните завеси на страните на предниот браник го насочуваат воздухот околу предниот дел на возилото со минимална загуба. Разгорените странични прагови го спречуваат протокот на воздухот во долниот дел од каросеријата и ги штитат задните гуми од воздух што струи кон нив. Дополнително, малите спојлери и панелите за обложување ги водат протокот на воздух на долната страна.

„Севкупно, новиот ИД.7 на најдобар начин ја заокружува понудата на Фолксваген во повисоките пазарни сегменти“ – заклучи бренд менаџерот на Фолксваген патнички возила, Александар Цветковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ