сабота, 30 ноември 2024

Македонска премиера на енјак – првиот електричен кросовер на Шкода (ФОТО)

Со претставувањето на сосема новиот енјак на македонскиот пазар, Шкода го прави следниот чекор во имплементацијата на својата стратегија за е-мобилност. Целосно електричниот кросовер е првиот сериски модел на чешкиот производител на автомобили кој се базира на модуларната платформа за електрични автомобили МЕБ на групацијата Фолксваген.

Објавено на

часот

Сподели

Шкода енјак нуди погон на задните или на сите тркала, заедно со опсег што е совршено погоден за секојдневна употреба, покривајќи од 510 км – 560 км* според циклусот ВЛТП и типична пространост препознатлива за марката.

Чешката компанија продолжува да го развива својот емотивен дизајнерски јазик – за таа цел, новиот кросовер се одликува со целосно нов внатрешен концепт кој нуди избор на пет дизајн селекции наместо класични нивоа на опременост и сосема нова структура на достапните опции. 

„Со лансирањето на енјак почнува нова ера за Шкода. Ова е нашиот прв целосно електричен и еколошки автомобил. Со лансирањето на овој модел, електричната мобилност ја правиме едноставно паметна – со голем досег, брзо полнење и лесно ракување. Освен што е еколошки енјак е и исклучително забавен и возбудлив за возење, што се отсликува преку техничките податоци за забрзување од  0 до 100 км/ч за само 6,7 секунди и максимална брзина од 180 км/ч“, кажа Миле Станчев, менаџер за Шкода.

Енјак може да се пофали со целосно нов погонски концепт, искористувајќи ги можностите што ги нуди модуларната платформа за електрични автомобили МЕБ на групацијата Фолксваген во која батеријата е вградена во подот на возилото со цел да се добие добра распределба на тежината.

Новите системи за помош при возењето вклучуваат „травел асист“, кој сега има уште повеќе функции, како и функција за паркирање со далечинска контрола.

Дизајнерскиот јазик на енјак е емотивен, моќен и динамичен. Новиот кросовер се карактеризира со совршени пропорции и извонредна просторност и се нуди во две каросериски варијанти, како класичен кросовер и како спортска купе-кросовер варијанта. И двете верзии нудат сличен внатрешен простор како кодијак, и покрај тоа што се пократки по должина од октавијата.

Со 13 инчи, централниот екран на енјак е поголем од кој било друга модел на Шкода. Уште повеќе, целосно новиот кросовер е секогаш онлајн и паметно поврзан. Полнењето на батеријата и климатизацијата во внатрешноста може лесно да се контролираат од далечина преку апликацијата „конект“ на Шкода.

Шкода разви решенија „едноставно паметно“ специфични за електричните возила, како што е средство за чистење на кабелот за полнење, заштитно капаче за приклучокот за полнење и преграда за кабелот за полнење под подот на багажникот. Новата централна конзола распоредена на две нивоа обезбедува многу простор; „паметната“ преграда гарантира дека багажникот е секогаш уреден.

енјак

енјак

енјак

енјак

енјак

енјак

енјак

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ