Според пишувањето на а1он.мк, освен судската голгота, по правосилната пресуда, врз Спасеска се врши силен притисок и закани од поединци во институции за да го предаде детето на таткото, без Центарот за социјална работа од Скопје да ѝ даде решение кога ќе може да го гледа дететото.
„Тие сакаат да го земат детето со решение кое веќе не е во сила по правосилната пресуда, а со него досега беа регулирани средбите на таткото и детето. Уверуваат дека тоа решение е валидно за таткото, истото не важи и за неа. Ако го предаде детето, нема да може да го гледа затоа што не и се издава решение кое ќе ги регулира средбите со нејзиното четиригодишно дете“, се наведува во текстот.
Адвокатката Анита Цветановска вели дека Центарот за социјални работи (ЈУ МЦРС) Скопје како орган за старателство кој треба да ги заштити децата и по неколку барања од страна на мајката Невена Спасеска од Скопје не донел решение со кое би се регулирал односот на мајката со нејзинотото малолетно дете.
„Напротив, конкретната постапка ја прекина.Таквото непостапување од страна на ЈУ МЦСР го користи таткото кој иако има покренато постапка за извршување на одлуката со која му е е доделено детето пред Основниот граѓански суд постојано врши притисок врз мајката преку пријави во Министерство за внатрешни работи кој како орган најажурно ги работи и ‘експедитивно’ презема дејствија против мајката Невена Спасеска, а ЈУ МЦСР своето непостапување го ,’прикрива’ и со поднесување постапки против мајката“, вели Цветановска.
Се прашувам каков е тој судски систем кој си зема за право да донесе одлука за одземање на дете од мајка, а притоа да нема ниту еден релевантен аргумент за да го направи тоа, кажа во изјавата за А1он мајката Невена Спасеска од Скопје, на која судот во Охрид, а потоа и Битола ѝ го одзедoa четиригодишното дете по разводот со сопругот од Охрид.
МКД.мк уште на почетокот на 2024 година го покрена случајот во кој Невена Спасеска бие битка на повеќе фронтови за да го оствари своето право да го одгледува и подига својот сопствен син.