недела, 14 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ: Бројот на асистенти за дечиња со попреченост од септември е најголем досега

СДСМ секојдневно вади некакви соопштенија кои немаат врска со реалност, бројот на асистенти за дечиња со попреченост од септември најголем досега, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на СДСМ преку кое партијата побара итна ревизија на огласот за образовни асистенти.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

СДС секојдневно пишуваат празни соопштенија, а денес повторно говорат за образованието, небаре го препородија па сега нешто не чини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За појаснување, од новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата, чекор кон поголема инклузивност во образованието. Ангажирањето е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДС. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно. СДС постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција. Затоа го молиме СДС, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува истото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ