Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.
„Знаете дека имавме голема негативна кампања, која траеше и беше апсолутно неоснована. Ова беше извештај на ЕП за Северна Македонија. Како може да биде неподобно да се говори со македонската страна кога јас пишувам извештај за Северна Македонија. Можеби треба малку да промислите за тоа што го зборувате. Ви препорачувам да ги прочитате правилата, а јас се водам од сите правила на ЕП целоснно, па дури и претерувам во тоа“, рече Вајц на прес-конференцнија по усвојувањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент.
Тој и претходно во пишана изјава, истакна дека како известувач на ЕП за земјава неуморно работел за „добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја“, но оти „некои бугарски ервопратеници го искористиле извештајот за домашни цели“.