Од СПМ велат дека целта на денешната реакција до обвинителство е поради тоа што на 3 септември 2021 година синдикатот поднел кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и против поранешниот помошник министер за правни работи и судски постапки заради основано сомнение дека двајцата со незаконско работење предизвикале поднесување на повеќе од 25.000 тужби од полицајци, причиниле штета на буџетот на МВР во износ над 25 милиони евра.
„Затоа денес, СПМ јавно го прашува ова обвинителство дали до сега има преземено било какви мерки и дали единствено чека ова кривичното дело да застари, за потоа да се произнесе и кривичната пријава да ја отфрли како застарена. Ги повикуваме сите надлежни институции од државата соодветно да реагираат и конечно правдата во Македонија да завладее, законите мора да важат во оваа држава за сите“, велат од СПМ.