недела, 12 април 2026
Време

Сончево и потопло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 Целзиусов степен.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во понеделник ќе преовладува стабилно време. Од вторник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на грмежи.

До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ