ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве спроведува и подигнување и транспорт на селектираниот отпад од специјалните садови наменети за одлагање стакло, картонска и пластична амбалажа, поставени на територијата на градот Скопје.

Еко-патролата на Комунална хигиена врши надзор врз неколку микролокации на улицата „Петар Манџуков“ во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.
Реализирани се и едукативно-информативни активности со повеќе лица коишто се забележани при кршење на Законот за јавна чистота, преку одлагање отпад надвор од наменски поставените садови, соопшти ЈП Комунална хигиена






