сабота, 11 април 2026

Сиљановка: Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност.

Објавено на

часот

Сподели

„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник“, објави Сиљановска – Давкова на својата Фејсбук страница.

Претседателката посочува дека со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ