недела, 14 декември 2025

Пуштена нова делница од автопатот Кичево – Охрид, за премиерот – силен доказ дека Македонија се движи напред

Денеска беше пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево – Охрид, на која присуствуваше и ја предаде во функција, премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и незавршени, или би рекол недовршени работи. Граѓаните со право беа разочарани, гледаа градилишта кои стојат, а не патишта што се користат. И за жал поради таквата слика голем дел од нашите сограѓани и го оставија својот живот овде.  Денес ја менуваме таа слика. Денес покажуваме дека таму каде што имаше застој-има решение, таму каде што имаше недоверба – има резултати“, рече на почетокот Мицкоски.

Тој нагласи дека автопатот Кичево – Охрид е од стратешко значење за Македонија.

„Тој е главна артерија за поврзување на југозападна Македонија со остатокот од државата и со Охрид – град кој е не само наш туристички бисер, туку и светско културно наследство. Со овој автопат, Охрид и целиот регион добиваат нова енергија за развој, нови шанси за туризмот и нова перспектива за економијата. Со побрзо, полесно и побезбедно патување, овој автопат ќе донесе повеќе туристи, повеќе инвестиции и повеќе можности за локалната економија. Ќе се скрати времето на патување, ќе се олесни транспортот на стоки и услуги и ќе се отвори простор за нови бизниси и нови работни места“, истакна Мицкоски.

Во контекст на настанот, премиерот нагласи дека оваа влада не го троши времето на изговори, туку работа и потсети на реализираните проекти.

„Еве овој автопат станува реалност. Но не е само ова дело. За само година и половина ги ставивме во употреба: делницата Градско-Фариш од 25,7 километри; делницата Страцин-Крива Паланка од 25,5 километри; делницата Врбјани-Ботун од околу 20 километри.

Тоа се 70 километри нови патишта. Со оваа делница од Кичево-Охрид, бројката утре ќе достигне 87,5 километри. И тоа за нешто помалку од година и половина.

Ова е 15-от месец откако оваа Влада е избрана. Тоа не се зборови, тоа се дела.

Јас сум свесен дека опозицијата ќе измисли уште многу невистини, уште многу лаги, ќе се обидат да конструираат многу работи со коишто мислат ќе нанесат штета на оваа Влада, но ние немаме потреба да реплицираме на таквата политика на црни мисли и политика којашто ја турка Македонија назад. Ние ќе работиме, ќе градиме за разлика од тие коишто беа влада на СДСМ и ДУИ, коишто седум години не направија ништо и само крадеа.  Тоа е суштинската разлика помеѓу едната и другата влада“, порача Мицкоски од настанот на пуштање во употреба на делницата од автопатот Кичево – Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ