сабота, 13 декември 2025

ОЈО има оформено предмет за лица од Македонија на „црната листа“ на САД

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформил предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД. 

Објавено на

часот

Сподели

Предметот, како што информира денеска, е доставен на постапување на надлежно обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби до институциите за откривање на кривичните дела.

„Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание“, истакна Коцевски на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека е одлична соработката на Обвинителството со стратешките партнери од САД и особено со амбасадата на САД.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот ги стави на „црна листа” поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ