Николоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Како што изјави, задоволен е како се одвива изградбата на автопатот.
Најави дека со автопатско решение ќе биде поврзана и делницата од Фариш до Прилеп.

„Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопат од 40 километри да биде готов кон крајот на 2027 година, или во почетокот на 2028 година, зависно од временските услови. Автопатот, секако, се надоврзува на експресниот пат Градско- Дреново-Фариш, а ќе работиме на автопатско поврзување од Фариш до Прилеп“, изјави Николоски.
Изведувач на автопатот е фирмата „Бехтел и Енка“.






