понеделник, 8 декември 2025

Нема активни пожари, четири под контрола

На територијата на Македонија до 21 часот нема активни пожари, четири сe под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Под контрола се пожарите кај депонијата Вардариште, кај повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија и во село Никуштак во општина Липково.

Изгаснати пожари има во скопските општини Студеничани, Арачиново и Сарај и во општините Долнени, Струмица, Струга, Велес, Делчево, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ