Договорот го потпишаа митрополитот европски Пимен и монсињор Адријано Чеволото, бискуп на Епархијата на Пјаченца и Бобио. Имотот вреди 800 илјади евра и ќе се исплаќа 20 години, но ќе биде во трајно владение на МПЦ-ОА.
„Овој црковен простор ќе биде стожер на македонската култура, јазик и традиција. За нашите иселеници, ова значи место каде ќе можат да ги крштеваат своите деца, да ги венчаваат младите, да празнуваат, да организираат натпревари и да допринесуваат за опстојувањето на црковната заедница. Чинот на предавањето од страна на бискупот Адријано Чеволото е силна порака за братската љубов и солидарност меѓу Католичката црква и МПЦ-ОА, што дополнително го зајакнува угледот на македонската заедница во Италија“, велат од епархијата.

Овој значаен настан претставува уште еден чекор напред во зацврстувањето на присуството и мисијата на Македонската православна црква во Европа, како и потврда дека македонскиот јазик, вера и традиција ќе продолжат да живеат и да се пренесуваат на идните поколенија, информираше Европската епархија.






