вторник, 16 декември 2025

Министерството за здравство организира дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, што ќе се одржи утре и задутре, 24 и 25 септември, информираа денеска во видеоизјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на клиниката, Оливер Зафировски.

Објавено на

часот

Сподели

„Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта“, појасни министерот Алиу.

Предвидено е скринингот да опфати: комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

„Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени на самото место или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија“, појасни министерот Алиу.

Со оваа акција, како што посочи министерот, се овозможува навремено детектирање евентуални симптоми кај населението, со цел обезбедување на потребната здравствена заштита.

Зафировски како што рече, била започната една убава акција и оти здравјето на граѓаните е пред сѐ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ