среда, 2 април 2025

Лани зголемено производството на кравјо и козјо млеко, намален е бројот на добитокот и живината

Во 2024 година во земјава вкупно е произведено 282,317 милиони литри кравјо млеко, што е за 18,5 отсто повеќе отколку во 2023 година. Статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година е намален бројот на добиток и живина во споредба со 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година е забележано намалување на производството кај овчото млеко, и тоа за 16,4 отсто во 2024 година во однос на отсто во споредба со претходната година, додека производството на козјо млеко е зголемено за 8,7 отсто во споредба со 2023 година.

Вкупното производство, пак, на месо е намалено за 2,9 отсто во однос на претходната година.

Од другите добиточни производи, во 2024 година забележано е зголемено производство на волна и намалено производство на јајца во однос на 2023 година.

Статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година е намален бројот на добиток и живина во споредба со 2023 година.

Податоците покажуваат дека вкупниот број на говеда во 2024 година е намален за 2,3 проценти во споредба со 2023 година, а намалување е забележано и кај свињите каде бројот е намален за 7,1 процент. Пад е забележан и кај бројот на овци за 11,9 проценти.

Единствено зголемување има кај козите каде е забележано зголемување од 14,5 проценти.

Намалување се бележи и кај живината во споредба со 2023 година и тоа за 9,9 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ