недела, 14 декември 2025

Кочани започна проект за реинтеграција на младите кои се во судир со законот

Во Кочани денеска официјално беше означен почетокот на проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, кој ќе се реализира во рамки на програмата „Еразмус +“.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Проектот е резултат на соработка меѓу  европски партнери, меѓу кои се: Општина Св. Ана од Франција, Општина Пазарџик од Бугарија, неколку невладини организации од регионот, како и Општина Кочани која е локален партнер од Македонија.

Главната цел на оваа мултилатерална соработка е развивање и имплементација на меѓудисциплинарна програма, насочена кон поддршка и пренасочување на адолесцентите, со фокус на нивна подобра интеграција во општеството.

„На почеток сме на проектот што обработува специфична целна група, млади адолесценти во судир со законот. Како Општина сме горди на овој проект бидејќи и нам младите ни се проблем, меѓутоа проблематиката е специфична и бара специфичен пристап. Се работи за вклучување млади во судир со законот во програма за реинтеграција, каде ќе учат одредени вештини, ќе бидат вклучени на онлајн платформа за учење. Се надеваме дека ќе имаме резултати и, секако, очекуваме добра соработка и градење на капацитети со партнер општините“, рече пред присутните гости и учесници Аника Илијевска Ѓоргиева, координатор на проектниот тим на Општина Кочани.

Проектот „Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи“, кој е составен дел на  програмата „Еразмус +“, ќе трае две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ