Факултетите, научниците и младите, како што посочи Митева, ќе можат да ги користат овие реномирани научни бази бесплатно.
„Со ова, најпрестижните списанија и трудови стануваат достапни за сите. Министерството за образование и наука ја презема оваа одговорност и ќе го обезбеди пристапот. Ова отвара можност за конечен напредок и конкурентност во науката“. додаде таа.
Владата на денешната 77 седница усвоила два клучни закони кои се дел од реформската агенда чиј рок за донесување е јуни 2025 година.
Митева појсани дека станува збор за Законот за електронски комуникации и Закон за безбедносни мрежи и информациски системи или поконкретно за прв пат се носи закон посветен на сајбер безбедноста. Ова, како што посочува таа, се два клучни реформски закони кои покажуваат дека Владата отвара ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија