недела, 14 декември 2025

Димитриеска – Кочоска: Приходите во буџетот во јули се на историско ниво

Историски високи приходи во буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриеска-Кочоска нагласува дека во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и придонеси бележат раст од 7,4 отсто, приходите од акцизи бележат раст од 5,7 проценти, а приходите од увозните давачки бележат раст од 19,2 отсто.

„Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните“, подвлекува министерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ