Под контрола се ставени пожарите во селата Долгаец и Стровија во Општина Долнени каде гори нискостеблеста вегетација, на Депонијата Вардариште во Општина Гази Баба каде гори ѓубре, на планината Кожуф во Општина Гевгелија каде има приземен пожар, и во Повеќенаменското подрачје Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.
Изгаснати се пожарите во Општина Кичево село Цер (деградирана нискавегетација), Општина Мак Брод села Поповјани и Арангел (запалено стрниште), Општина Илинден село Кадино (ниска вегетација и бали слама), Општина Гостивар село Дебреше (деградирана ниска вегетација), Општина Гостивар село Чегране (деградирана ниска вегетација), Општина Кривогаштани село Славеј (деградирана нискостеблеста вегетација), Општина Прилеп село Лагово (деградирана ниска вегетација), Општина Демир Хисар село Кутретино (запалена депонија) Општина Куманово село Ропалце (запалено стрниште), Општина Куманово покрај автопатот према ГП Табановце (деградирана ниска вегетација) и Општина Старо Нагоричане: Етно Село (запалено ѓубре).






