четврток, 24 јули 2025

Aндреј Ковачев бара заштита за Бугарката Данела Арсовска

Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија, напиша на својот фејсбук-профил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев по информациите за наводен напад врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за која имаше информации дека има бугарска лична карта.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита.

Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување на бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.

За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Неодамна, сличен случај беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најтесниот семеен круг на сегашниот, претходниот и претходните премиери на земјата.

Бугарската држава има должност кон своите повеќе од 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој ракопис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, напиша Ковачев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ