вторник, 16 декември 2025

Алцхајмер матине во МНТ

По повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 Септември, здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука во Македонскиот народен театар (МНТ) организира настан „Алцхајмер матине – Патување низ времето“.

Објавено на

часот

Сподели

Целта, според организатоторот, е да се влијае на подигнување на јавната свест за болеста, која ја нарекуваат епидемија на 21 век.

– „Алцхајмер матине“ е топол и поддржувачки собир кој преку реминисцентна терапија и неформално дружење ги поврзува лицата со деменција, нивните семејства и стручните лица. Во овој простор на разбирање и споделување, ќе се разменуваат корисни совети, лични искуства и професионално знаење, со цел темата на Алцхајмеровата болест да се доближи до пошироката јавност на начин што буди емпатија, свесност и заедничка грижа, наведува организаторот.

Во земјава живеат повеќе од 24.000 лица со деменција, од кои најмалку 10.000 со Алцхајмерова болест. Исто толку семејства секојдневно се справуваат со предизвиците кои болеста ги носи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ