среда, 17 декември 2025

17 Декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници

Оваа година, сексуалните работници здружени во СТАР-првиот колектив на сексуални работници на Балканот спроведуваат симболична онлајн кампања по повод одбележувањето на 17 Декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Објавено на

часот

Сподели

„Oвогодинешната онлајн кампања „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита” ја посветуваме на симболот што веќе 18 години нè обединува и заштитува – црвениот чадор. Преку него ја раскажуваме нашата приказна, го покажуваме нашето присуство и ја истакнуваме нашата борба за почитување на основните човекови права.
Во фокусот на кампањата е моќното видео во кое три сексуални работнички ги споделуваат своите лични приказни, за стравовите што ги носат, за насилството со кое се соочуваат, и за потребите што ги имаат.
Сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се мета на различни форми на родово базирано насилство во јавен, приватен простор и/или онлајн. Насилството врз нас е често неказнето, невидливо и институционално игнорирано. Присутно е од страна на клиенти, партнери, полицијата, па дури и во здравствените и социјалните служби.
Спроведувањето на кампањата по повод обележувањето на 17 Декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници е поддржано од фондацијата  Red Umbrella Fund,соопшти СТАР.
,
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ