Македонија поведе во 31. минута кога Барди погоди од белата точка за водство од 1-0. Пеналот беше досуден поради игра со рака на Украинците за која судијата мораше да гледа ВАР снимка за да досуди пенал.
Само осум минути подоцна, Елиф Елмас постигна прекрасен гол од далечина и зголеми на 2-0 за Македонија.