понеделник, 21 октомври 2024

Македонија ќе добие планинарска трансверзала од цели 2.070 км

Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира Македонска „бесконечна“ трансверзала (со скратено, уметничко име „Sammiana“ ) – планинарска патека долга дури 2.070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина, туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1.500 км се нови патеки. Дополнително, со трасата се промовираат и предели кои се помалку познати за планинарската заедница и на некој начин се неправедно запоставени и покрај својата убавина.

Со овој проект Македонија ќе ја добие најдолгата планинарска трансверзала на Балканот и ќе се најде на мапата на долги европски и светски трансверзали, а со тоа ќе стане и примамлива дестинација за сите планинари од целиот свет кои се љубители на трансверзалното планинарење.

Покрај трасирањето на самата трансверзала, во исто време за првпат ќе добиеме долгометражна патека за која ќе постојат прецизни и детални мапи и ГПС записи, добро документирани и со сите потребни информации за домашните и странски уживатели на трансверзалата.

Македонска Бесконечна Трансферзала ( кодно/уметничко име Sammiana ) е мега кружна трансверзала – непрекината планинарска патека која поминува низ поголемиот дел на територијата на Македонија, поминувајќи директно или во непосредна близина на огромен број природни убавини, историски локалитети и други знаменитости.

д

Која е целта на „Македонска бесконечна трансверзала ?

И додека во светот постојат многу т.н. долгометражни (Long distance – Thru Hiking ) патеки, во Македонија и покрај одличните услови за жал нема патека која може да се вброи во оваа категорија. Позната е само западната македонска трансверзала со должина од околу 170 км и неколку помали кои се помалку познати. За жал, дури и за овие помали трансверзали не постои прецизна мапа/ГПС запис со точни информации за извори на вода, погодни места за кампување, информации за околината и слично.

Затоа целта на овој мега проект е Македонија да добие долгометражна патека која ќе биде убава за движење, јасна и маркирана на терен, а дополнително прецизно и комплетно дигитално мапирана на ниво на сите поголеми светски трансверзали.  Со тоа, во иднина оваа трансверзала ќе биде магнет за илјадници домашни и странски планинари и ќе биде гордост за македонското планинарство и бенефит за македонскиот туризам и економија.

Трансверзалата има една централна точка од каде што може да одберете да тргнете во четири насоки , а потоа по отприлика 40-50 дена повторно да се најдете на истата централна точка и да продолжите во друга насока или да продолжите по веќе поминат дел но во спротивна насока. 

По два месеца веќе е сменето годишното време и може повторно да продолжите по веќе поминат дел од патеката за да добиете сосема ново искуство и доживување бидејќи истиот тој дел веќе има сосема друг лик.

Основни податоци

Должина: 2.070 километри

Најниска точка: 103 мнв

Највисока точка: 2.520 мнв

Највисока точка на дополнителна странична патека: 2.764 мнв

Потребно време за поминување на целата трансверзала: 70-100 дена

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ