„Рисовите“ останаа на 67. позиција која ја стекнаа со настапите во ноемврискиот циклус. Бидејќи завршија репрезентативните настапи за оваа година, нема да има шанса ниту една селекција да ја помине Македонија.
Во недостиг на натпревари немаше ниту промени на врвот, водечка е Аргентина, а во топ десет се Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија.