Илиоски го освои златото во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу кик.
Златото на Светското првенство за Бобан Илиоски е успех кој доаѓа по европската титула освоена минатата година.
На Светското првенство во Португалија учествуваа тројца македонски натпреварувачи, Илиоски е единствениот кој се враќа со медал. На првенството вкупно имаше 1.429 натпреварувачи од 77 држави.