недела, 23 февруари 2025

Македонија е петта најранлива земја во Европа по кибербезбедноста

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на Ај-би-ем. Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на кибербезбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на облак-услугите – Клаудл. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува Евроњуз.

Извршниот директор и основач на Клаудл, Акаш Махајан вели дека ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибербезбедност и бараат итно внимание.

„Мораме да ѝ дадеме приоритет на обуката за кибербезбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на облак-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање“, додаде тој.

Македонската кибербезбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем на безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.

За кибербезбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ