петок, 21 февруари 2025

Македонија без Симиќ против Естонија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски за мечот со Естонија во Талин нема да смета на единствениот класичен центар, Теодор Симиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој останува во Скопје поради висока телесна температура (39 степени). Решено е да не патува во Естонија со цел да оздраве навреме за мечот со Полска во понеделник.

Мечот меѓу Естонија и Македонија се игра во петок од 18 часот. На нашата репрезентација и е потребна победа од најмалку шест поени разлика за да ги задржи шансите за пласман на Европското првенство.

Македонија на овие натпревари ќе настапи со двајцата евролигаши, Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.

Ако оставиме победа од најмалку шест разлика во Талин, во последното коло ќе ни биде потребен триумф над Полска, но и пораз на Естонија на гостувањето кај Литванија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ