петок, 18 октомври 2024

Македокс: Вечерва доделување на „кромид“ наградите и проекција на четири документарни остварувања

Објавено на

часот

Сподели

На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија / 2023 / 21’) на Мохамад Вализадеган, чија приказна зборува за танцот како начин на себеизразување, но и за забраните за танцување во Исламската Република Иран, додека долгометражниот документарен филм „Вика!“ (Полска, Германија, Финска / 2023 / 72’) на Агњешка Цифка ја раскажува животната приказна на 84-годишната харизматична и колоритна диџејка Вика, која е вистинска ѕвезда на варшавските ноќни клубови.

Во Сули-ан, во 20.30 часот, ќе биде прикажан последниот филм од програмата „Земја во фокус – Данска“. Станува збор за долгометражниот документарен филм „Музика за црни гулаби“ (Данска / 2022 / 92’) на Андреас Кофуд и Јурген Лет, кои ги отвораат прашањата дали е можно емоциите на музиката да се пренесат со зборови.

На платото пред Музеј на Македонија, во 20.30 часот, репризно ќе биде прикажан документарниот филм „Спроти ветрот“ (Индија, Франција / 2023 / 97’) на индиската режисерка Сарвник Каур, каде монтажери на филмот се Атанас Георгиев и Благоја Неделковски, а композитор на музиката е Игор Василев – Новоградска.

Пред почетокот на филмската програма во Куршумли-ан ќе се одржи церемонијата на објава и доделување на наградите на 14. „МакеДокс“. Фестивалот секоја година ги доделува наградите „Кромид“ за најдобар филм од Главната програма, „Млад кромид“ за филм од програмата „Нови автори“, „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец, „Кокарче“ за најдобриот студентски филм и Награда за најдобри етички идеи.

н

На последната сесија од годинашните „Разговори под смоквата“, кои ќе се одржат од 18 часот во Куршумли-ан, ќе учествуваат членови на комисиите кои одлучуваа за фестивалските награди.

Годинашното издание на „МакеДокс“ со мотото #пресечи (#cutit) се одржува од 17 до 24 август со тематски фокус на монтажата на документарниот филм. На фестивалот се прикажаа 75 филмски остварувања и присуствуваа над 100 гости и филмски автори од странство.

Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, Документарното здружение на Европа, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Националната галерија на Македонија, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на „МакеДокс“ се МКД.мк, МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк,  УМНО.мк, СДК.мк, Плус инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Култура Бета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ